На Фејсбук можете да бидете и невидливи: Дознајте како!


Доколку сакате привремено да се скриете од „Фејсбук“, но сеуште да бидете присутни на таа мрежа, тоа можете да го направите во седум едноставни чекори.fejsbuk

Скријте ги идните објави

Во горниот десен агол кликнете на икончето „катанец“ и ќе добиете мени. Под опцијата „Who can see my stuff“ ќе добиете уште еден избор „Who can see my future posts?“. Тоа секогаш би требало да ви биде подесено на пријатели или сами направете посебна листа за тоа кој може да ги види вашите постови. Секако, секогаш можете да изберете екстремни мерки и да ја поставите „only me“ опцијата.

Сокријте ги објавите од минатото

Во истото мени изберете „See more options“, а после тоа ќе добиете мени во кое одредувате кој може да види тоа што претходно сте го објавувале на „Фејсбук“.

Сокријте го вашето име од пребарување

Под истото мени пронајдете го делот „Who can look me up?“ и отстранете ја опцијата да ве пронајдат користејќи ја вашата електронска адреса или бројот на телефон.

Сокријте го вашето име од „Гугл“

Под тоа се наоѓа опција да исклучите вашето име да се прикажува во пребарувањето со другите пребарувачи.

Исклучете го тагувањето

За да ја избегнете можноста некој без прашање да ве означи во пост или на фотографија изберете го менито „Timeline and Tagging Settings“, а после тоа пронајдете „Review Posts Friends Tag You In“ и вклучете го. На тој начин ќе гобивате известување кога некој од пријателите ве тагирал и сами ќе изберете дали сакате тоа да се прикаже на вашиот профил.

Исклучете ја можноста да ве следат

Освен тоа што имате пријатели, „Фејсбук“ ви овозможува да имате и следбеници на оваа социјална мрежа. Следбениците можат да ги читаат вашите постови, а доколку не сакате да ги имате на вашиот профил, само ограничете го тоа во опцијата „Followers“.

Исклучете ги сите апликации

Апликациите на „Фејсбук“ често ги користат профилите за да дознаат што е можно повеќе информации за корисниците, а не ретко делат и податоци за тоа кој го користи нивниот софтвер. За да ја избегнете можноста да се најдете на таа листа потребно е да ги исклучите апликациите. Во менито пронајдете „Apps“ и погленете на кои се апликации сте пријавени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1