На Хвар казни од 600 до 700 евра за шетање во костим за капење и за пијанчење


Градоначалникот на Хвар, Рикардо Новак почна да ги исполнува своите ветувања дека ќе ги упристои разузданите туристи и ќе стави крај на голотијата во својот град, јави Ер-Те-Ел.

На влез во Хвар овој викенд осамна табла со предупредување до туристите и казните што ги очекуваат во случај на непримерно однесување.

– Кој на градски улици ќе шета во костим за капење ќе плати казна до 600 евра, жени во горен дел од костим за капење и мажи со голо торзо до 500 евра, а оној кој се тетерави на улица со флаша во рака и пијан лежи на улица – 700 евра казна.

Градоначалникот неодамна ги прозва британските туристи поради пијанство и голотија.

– Повраќаат по градот, уринираат насекаде, шетаат без маици, спијат на градски површини, ползат наоколу и не знаат за себе…Се има свои граници, рече Новак.

Тој додаде дека Хвар не сака да биде само парти-дестинација.

– Младите турсти се добредојдени, но ќе мора да научат како да се однесуваат овде. Заработката по секоја цена не е туризам каков што го сакаме овдека, изјави Новак.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1