На Игор Џамбазов му се слошило, заврши во болница


Поради влошена здравствена состојба одложен е концертот на Игор Џамбазов, соопшти на социјалните мрежи неговата пријателка и колешка Весна Петрушевска. Џамбазов, ккао што пишува Петрушевска, утрово повторно бил хоспитализран во клиниката „Филип Втори“.

Концертот кој требаше да се одржи на 26 декември е презакажан за 14 февруари.dzampazov

„Тој инсистираше да ја тера приказната до крај, но ние како негови другари и семејство (Тони Михајловски,Тамара Тодевска, Александра Јоревска, Аце Трендафил, Ботиљка, маестро тато Александар Џамбазов , сестра мила од Америка Тања Џамбазова, едвај го убедивме да се одложи концертот упорно повторувајќи дека младите бендови многу вежбале и ќе се разочарале …..за оние кои купиле карти ќе важат за наредниот датум (14.02.2016),како и тоа дека сите купени билети може да се вратат онлајн или во Југотон со фискална сметка во следните 10 дена .

ЏАМБО ФЕСТИВАЛ ќе се одржи ,битката против турбофолкот продолжува .Само Игор да ни е жив и здрав. Ве поздравува, живее за аплаузот кој вие му го давате безрезервно. Ви благодарам на разбирањето. Од името на Игор и неговото семејство, пријателите“ напиша Петрушевска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1