На 08.02.2021 во ОВР Кочани, 43-годишна жена од Кочани со својата малолетна ќерка пријавиле дека од профил преку социјалната мрежа Инстаграм биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за малолетничката.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2014/01/internet-deca-porno.jpg)
Полициски службеници од ОВР Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презедоа мерки за расчистување на кривично – правниот настан, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле две малолетни лица на кое им биле одземени мобилните телефони и компјутери.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Кочани.