Според истражувањето кое го спроведе Интел, во светот секоја минута се превземаат 47 илјади апликации, се гледаат 1,3 милиони видео снимки на Јутуб и се преслушуваат повеќе од 61.000 часа музика
Интел спроведе нова студија која покажала дека во светот во една минута на “амазон.ком” се трошат 83 илјади долари. Се прегледуваат 20 милиони фотографии и шест милиони Фејсбук страници.
Направена е студија на иднината на интернетот, а до 2015 година ќе има два пати повеќе уреди на светот во однос на бројот на луѓе, а ќе ни требаат пет години за да го прегледаме видео материјалот кој корисниците ширум светот го создаваат во една секунда.
Интел објаснува дека работи и на нов систем за следење на интернет сообраќајот со името “кристал форест”, кој би требало да ги зголеми перформансите и сигурноста на интернет.