Како да ги сокриете вашите Facebook постови од шефот?


Дали знаете дека Facebook може да ве направи потполно невидлив за определени личности во мрежата? Тоа е прекрасен начин да организирате изненадување за некого, да сокриете лични фотографии од љубопитните пријатели или да ја сокриете вашата активност во социјалната мрежа од вашиот шеф.

Еве неколку примери како тоа можете да го направите:

Можете да го сокриете вашиот обичен пост да не го гледаат определени луѓе само со променување на прилагодувањата за приватност пред да го испратите постот.

fb5

За да ги промените прилагодувањата на вашата приватност кликнете на drop-down менито на десната страна од постот. Би требало да пишува ”Public” или “Friends,” во зависност од вашите прилагодувања. Кога ќе кликнете на  ”Custom” опцијата можете да определите кој од вашите пријатели ќе гледа што виде постирате.

fb2

Доколку сакате да скриете определен пост од определен човек, напишете го неговото име во полето “Don’t share this with…” и тој ќе се појави во тоа поле. Откако ќе ги направите промените кликнете “Save changes.” Така вашиот пост ќе биде сокриен од определени луѓе.

fb4

Ако сакате секојдневно да криете постови од определена група луѓе, можете да си создадете и група и нема да ви е потребно постојано да пишувате име по име.

За да го направите тоа, на вашиот профил кликнете на менито ”Friends” и ќе ви се појави листа опции. Кликнете на ”Add to another list.”

fb6

fb8

Така сега во опцијата за прилагодување  ”Custom” наместо индивидуално име, можете да додадете цела група. И точно таа група и сите во неа ќе имаат ограничен пристап до вашиот профил, постови и фотографии.

socialnet

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1