Градски советник во полскиот град Познањ предлоќи на јавните тоалети да им се даваат називи според славните личност коишто на градот му нанеле штети, сметајќи дека треба да се паметат и оние коишто не на позитивен начин придонеле за градот.
„Колегите советници не` убедуваат дека има толку многу личности коишто го задолжиле Познањ, што за нив немаме доволно улици. Реков дека постојат и оние кои му наштетиле на градот”, го појаснува својот предлог градскиот советник Михал Гжеш од опозициската конзервативна партија Право и правда.
Својата иницијатива тој ја претставил пред градската Комисија за култура и уметност, во текот на дебатата за имиња на улиците.
Свои мочалници, според Гжеш, би можеле да имаат само починати историски личност, па така би постоел Тоалет на Бжетислав, според чешкиот кнез кој го нападнал и запалил Познањ.
„Да им дадеме уште шанса на живите. Доколку знаат дека ги чека нивен тоалет, можеби ќе се поправат”, смета Гжеш.
Makfax