На Камчев му истекува пасошот од Катица Јанева – бара нов од Лиле Стефанова


Бизнисмен Орце Камчев повторно бара Кривичниот суд да му издаде времен пасош затоа што стариот му истекува задутре, дознава Алсат-М. Ваквото барање на осомничениот во „Империја“, случај за перење пари, судот го препратил во Обвинителството. Дали Камчев ќе добие нов времен документ со кој ќе може да патува, треба да одлучи поранешната специјална обвинителка Лиле Стефанова.

Токму таа во СЈО ја водеше истрагата за перење пари против Камчев. 

„Согласно законот за СЈО сите одлуки кои ќе излезат од ова обвинителство единствено го потпишува специјалната обвинителка Катица Јанева. Јас немам потпишано ниту една одлука, ниту мислењата за пуштање од притвор во куќен притвор ниту пак одлуката за давање на патните исправи“, велеше Лиле Стефанова, СЈО.

Од обвинителството уверуваат дека случајот „Империја“ не е мртов. Обвинителката Лиле Стефанова веќе преземала одредени мерки кои обвинителството не ги открива. „Империја“ беше истрага на СЈО за перење пари – случај кој го презеде редовното обвинителство, а истрагата повторно ја води Стефанова. Во „Империја“ за перење пари, освен Орце Камчев, помеѓу осомничените е и Сашо Мијалков, како и бизнисменот Цветан Панделевски. „Империја“ ја закочи случајот „Рекет“. Изнуда пријави Орце Камчев. Боки 13 му зел 1,5 милиони евра за да ја запре истрагата против него со влијание кај Катица Јанева.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1