Влада: Одобрено купувањето на простории во седиштето на НАТО – 3 милиони евра


Владата на Република Македонија на денешната редовна 163-та седница ја отвори расправата за Предлог-буџетот за 2020 година, соопштува владината прес служба.

Министрите во Владата ги презентираа програмите кои треба да се финансираат од буџетот за наредната година и донесоа одлука Предлог-буџетот за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2020 година да бидат утврдени на наредна седница на Владата која треба да се одржи идната недела.

Отаму велат дека на денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за купување и адаптација на деловен простор во седиштето на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Република Македонија при НАТО со Предлог-одлука за купување со непосредна спогодба на недвижни ствари.

Висината на финансиските средства за оваа намена, за купувањето на 996,37м2 (878,10м2 нето) на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација, изнесува 2.872.255 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1