На ќерката на Витни Хјустон и се заканува трајно оштетување на мозокот


Боби Кристина Браун (21) ќерка на прерано починатата музичка дива Витни Хјустон, во саботата беше пронајдена онесвестена во кадата во својот дом. На време ја пронашол нејзиниот сопруг Ник Гордон кој веднаш повикал брза помош и самиот почнал да ја реанмира.bobi-kristina-bolnica-ap-rojters-1422775439-612891

Американските медиуми пишуваат дека отокот на мозокот и спласнал и дека Боби Кристна може да ги отвора очите и најважно е дека нивото на кислород во мозокот значајно и пораснало во однос на неделата, пишува порталот „ТМЗ“. Сепак нејзините доктори стравуваат дека постои можност од трајно оштетување на мозокот бидејќи била без воздух помеѓу две и пет минути.

Кристина во моментот се наоѓа во болницата Норт Фултон, а покрај неа е целото нејзино семејство.

Ќерката на Витни Хјустон и раперот Боби Браун никако не можела да се помири со смртта на својата мајка која почина во февруари 2012 година, откако се предозирала со кокаин.
Славната пејачка беше пронајдена мртва во кадата на хотелската соба во Беверли Хилс и токму поради тоа загриженоста околу состојбата на младата Боби Кристина не е случајна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1