На когo Дејвид Боуви му го остави богатството од 135 милиони фунти


Дејвид Боуви зад себе остави богатство тешко 135 милиони фунти, а се верува дека ѝ го оставил на својата сакана сопруга Иман, синот Данкан и ќерката Александриа, пишува британски „Дејли мејл“. Тој ја обезбедил финансиската иднина на своето семејство кога наполнил 50 години.iman-bowie-640x502

И покрај тоа што бил неверојатно успешен музичар, Боуви во седумдесеттите години бил на работ на банкрот, но со паметен бизнис потег во 1997 година успеал да го поврати богатството.

Тогаш, имено по пат на паметна бизнис шема осигурал поврат на авторските права на своите најпопуларни хитови, што на крајот му донело милиони. „Prudential Insurance Company“ за првите 25 албуми снимени до 1990 година му исплатил околу 37 милиони фунти.

Легендарниот музичар напишал повеќе од 700 песни, а продал 140 милиони примероци од неговите албуми.

– Беше доволно паметен за повлече бизнис потези со кои си го обезбеди семејството. Многумина не се толку паметни па остануваат без авторските права на своите дела. Сепак, тој успеа да го задржи своето наследство во свои раце. Nеговите песни беa негови чеда – рекол Дејвид Пулман, банкар којшто ја осмислил шемата која на Боуви му го вратила богатството.

Голем дел од заработувачката на Боуви е резултат и на низата исклучително успешни светски турнеи, а само од последната се проценува дека заработил 41 милион фунти.

По смртта на легендарниот пејач три негови албуми, вклучувајќи го последниот „Блекстар“, се искачија на врвовите на топ листите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1