Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска разговарала со косовските власти за апсењето на двајцата осомничени дека се директни извршители на петкратното убиство кај Смиљковското езеро, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.
Двајцата беа уапсени денеска од косовските власти околу 19 часот. Засега нема информации дали полицијата ги привела по основ на меѓународната потерница или пак за некое друго дело извршено на косовска територија.
Јанкулоска побарала од косовските власти Исмаиловиќ и Демири по итна постапка да бидат екстрадирани во Македонија. Таа на нејзиниот официјален фејс профил напиша дека се утврдува идентитот а лицата во себе немале документи.