“Ер Србија“ организираше тестирање на систем за употреба на интернет и мобилен телефон во авионот на редовниот лет Белград-Брисел, кој од 1 октомври системот ќе биде воведен на сите летови на српскиот превозник.
“Ер Србија“ ќе биде првата авиокомпанија во регионот и една од ретките во Европа која ги нуди овие услуги, а кои денеска освен патниците можеа да ги испробаат и твитерџиите, блогерите и претставниците на медиумите.
Се очекува, како се наведува во соопштението на компанијата, услугата да биде овозможена на целата флота „Ер Србија“ до крајот на првиот квартал на 2016 година.
Патниците на летовите подолги од 80 минути, ќе добиваат бесплатен ваучер за 30 минути или 20 МБ интернет пристап.
Системот за конекција на летот овозможува бежичен пристап на интернет и на услугите на мобилната телефонија, а патниците можат да се поврзат на мрежата “Air Serbia Wi-Fly” и да ги користат за своите телефони, таблети и лап топ компјутери.