На мојата ќерка и дале дрога и ја гледале како умира – таткото на младата Јована скршен од болка


Таткото на  23-годишната Јована Милијаковиќ која на 19. ноември почина од предозирање со дрога во Лесковац, бара најстрога казна за двете момчиња кои се осомничени дека и дале дрога.

-Тие го убија моето дете и барам да се казнат за убиство, а не за кривично дело која ќе им дадат само казна од година дена и повторно ќе продолжуваат да убиваат и други, вели очајниот татко кој својата ќерка ја погреба пред два дена.

jovana tatko

Полицијата соопшти дека ги уапсила осомничените, а истражниот судија им одредил притвор за 27-годишниот И.К од Лесковац поради сомневање дека и дал дрога на младата Јована од која се предозирала и починала, како и 28-годишниот М.С од истиот град, тој е осомничен дека на девојката не и пружил никаква помош.

Трагедијата се случила во доцните вечерни часови во куќата на таткото на 27-годишниот И.К. Таткото на Јована не знае како неговата ќерка се нашла во таква ситуација бидејќи ќерка му пред неколку дена отишла кај постарата сестра и својата мајка.

-Примаше плата, си купи мобилен телефон и отиде кај мајка и. Не знам што се случило тој ден, но сум сигурен дека претходно не се дрогирала. Јас тоа би го знаел. Од куќата не излегуваше освен кога одеше на работа. Сигурен сум дека ме повикувала додека умирала. Вчера ме разбуди нејзиниот глас. Ме викаше. Таа ми беше и ќерка и син, ми беше се, зборува и плаче нејзиниот татко.

Курир

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1