Бразилската манекенка Изабел Гулар е една од најатрактивните жени во светот. Од очите, до долгите нозе, се на неа е совршено, се додека не се стигне до стапалата. Погледот на нив открива дека сепак никој не е совршен.
Изабел Гулар неодамна била фотографирана во Сао Паоло, а фотографијата од нејзините стапала ја открива таа нејзина мана.Сега е голема модна ѕвезда, но Изабел како тинејџерка се соочувала со исмевањето од страна на врсниците затоа што е преслаба.
„До полнолетство немав ниту задник, ниту гради. Ниедно машко не ме сакаше. Во училиште сите ме нарекуваа жирафа, поради мојот изглед, се сеќавам, а после првата насловна страница никој не смееше да ми пријде“, вели таа.
Изабела има работено кампањи за водечки светски дизајнери, а од 2005 до 2008 година беше и еден од ангелите на „Викторијас сикрет“