На нив се собира најмногу прашина – еве како лесно да ги исчистите радијаторите


Грдите траги на прашина од радијаторите ќе исчезнат ако ги истриете со крпа натопена во сок од лимон.

radijator cistenjeРадијаторите полесно ќе ги одржувате ако ги миете еднаш месечно со топла вода, во која сте ставиле малку течен детергент. Потоа, уште треба да ги исплакнете со вода и да ги пребришете со чиста крпа

Прашината помеѓу ребрата на радијаторите ќе ја исчистите со тркалезна четка со долга рачка, или со стара четкичка за заби.

Пред почетокот на грејната сезона проверете ги вентилите на радијаторите. Ако пропуштаат вода или ако не функционираат вентилите, веднаш повикајте мајстор сето тоа да го поправи пред да почнете со чистењето.

Електричните, термо, на плин или печките на дрва и јаглен чистете ги еднаш неделно. Надворешните ѕидови пребришете ги со влажна, па исушете ги со сува крпа. Но, само кога се исклучени и ладни!

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1