На Октоберфест годинава повеќе пијани од лани – 800 љубители на пиво се разбудиле во болница


Годинешниот Октоберфест, германскиот празник на пивото, немаше рекорден број на посетители, ниту пак оние кои присуствуваа, не успеаа да испијат повеќе пиво и да изедат повеќе колбасици од минатогодишниот, но затоа ги имаше во далеку поголем, рекорден број, на оние кои на крајот биле мртви пијани.

Германскиот Црвен крст во двете недели од Октоберфест, згрижиле повеќе од осумстотини љубители на пиво кои ја минале границата и се разбудиле во болници, бројка која што е значително поголема од ланската.

Полни раце работа имала полицијата која морала да интервенира дури во 2000 ситуации.

Организаторите на фестивалот објавија дека 6,4 милиони посетители, во периодот од двете недели, испиле 6,9 милиони чаши пиво и изеле 117 бикови и 57 телиња.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1