НА ОСТРОВОТ ГОЛЕМ ГРАД: Стоногалка ја изеде утробата на змијата и излезе на слобода (Видео)


stonogalka zmija

Љиљана Томовиќ, спрски научник, минатата година откри неверојатна глетка на островот Голем Град во Преспа, Македонија, кој е познат како „Змиски остров“ поради големиот број змии, желки и влекачи кои таму живејат, пренесуваат српските медиуми.

Видела глава на стоногалка и тело на змија, кои изгледале како некое митско чудовиште, но набрзо сфатила за што се работи и останала во шок.

Змијата проголтала цела стоногалка додека се уште била жива. Стоногалката, во борба за сопствениот живот, почнала да ја јаде змијата одвнатре, како би се пробила на слобода.

Од внатрешноста на змијата не останало речиси ништо – само кожа и малку мускул.

Но набрзо откако стоногалката ја пробила главата низ стомакот на змијата, и самата угинала од змискиот отров.

Screenshot_271-583x320

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1