Гугл создава ваш основен профил на основа на податоците како што се возраста, полот, интересите и слично. Потоа овие податоци ги користи овие за да ви прикаже релевантни реклами.
Овде може да проверите како вe гледа:
Памети каде сте биле, и колку сте се задржале:
Доколку користите Андроид, вашиот мобилен може на Гугл да му ги праќа вашите локации како и податоци за брзината на движењето.
Целата историја на вашите локации може да ја погледнете тука:
Ги памети сите ваши пребарувања:
Гугл го складира секое пребарување кое го имате направено. Освен ова, го забележува и секој оглас на кој сте кликнале.
Овде е вашиот дневник на пребарување:
Дознајте ги сите уреди кои и пристапиле на вашата Гугл корисничка сметка
Доколку сте загрижени дека можеби некој друг ја користи вашата сметка, овде може да најдете листа на сите уреди кои и пристапиле на вашата Гугл корисничка сметка, нивната IP адреса и приближната локација:
Дознајте кои апликации и екстензии им пристапуваат на вашите Гугл податоци
Oвде ќе најдете листа на сите апликации кои имаат било каков пристап до вашите податоци. Можете да ја видите и точната дозвола која е доделена за секоја апликација, како и да го укинете пристапот до вашите податоци: