На овие линкови може да дознаете што Гугл знае за вас


Гугл создава ваш основен профил на основа на податоците како што се возраста, полот, интересите и слично. Потоа овие податоци ги користи овие за да ви прикаже релевантни реклами.

google1

Овде може да проверите како вe гледа:

http://goo.gl/Oxj2Qd

Памети каде сте биле, и колку сте се задржале:

Доколку користите Андроид,  вашиот мобилен може на Гугл да му ги праќа вашите локации како и податоци за брзината на движењето.

Целата историја на вашите локации може да ја погледнете тука:

http://goo.gl/13HkHs

Ги памети сите ваши пребарувања:

Гугл го складира секое пребарување кое го имате направено. Освен ова, го забележува и секој оглас на кој сте кликнале.

Овде е вашиот дневник на пребарување:

http://goo.gl/ixv9mi

Дознајте ги сите уреди кои и пристапиле на вашата Гугл корисничка сметка

Доколку сте загрижени дека можеби некој друг ја користи вашата сметка, овде може да најдете листа на сите уреди кои и пристапиле на вашата Гугл корисничка сметка, нивната IP адреса и приближната локација:

http://goo.gl/AdkvSx

Дознајте кои апликации и екстензии им пристапуваат на вашите Гугл податоци

Oвде ќе најдете листа на сите апликации кои имаат било каков пристап до вашите податоци. Можете да ја видите и точната дозвола која е доделена за секоја апликација, како и да го укинете пристапот до вашите податоци:

http://goo.gl/BqC4sR

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1