На петок 13 лет број 666 ДО ПЕКОЛОТ: На патниците не им беше сеедно


Дали би се качиле на летот број 666 до Пеколот на петок 13-ти?

За суеверните патници, ова може да е судбинско искушение. Но, патниците на „Финер“ на летот АЈ666 до Хелсинки (HEL) очигледно тоа не им пречи многу. Денешниот лет е скоро полн до последното место.

– Беше добар виц меѓу пилотите. Јас не сум суеверен човек. Тоа за мене е само случајност – вели Јуха-Пека Кедасто, кој управуваше со Ербасот А320 од Копенхаген до Хелсинки.

666

Дневниот лет АЈ666 од Копенхаген до Хелсинки се падна на петок 13ти два пати во 2013 година. Овој ден се смета за несреќен во многу земји, а бројот 666 исто така има силно негативно библиско значење.

Некои авионски компани, како „Скандиневиан ерлајнс“, ваквите стравови ги земаат сериозно и воопшто немаат ред број 13 во авионите. Сепак, негативните конотации се релативно нов феномен за северна Европа, и „Финер“ како и други регионални авиокомпании, како „Норвиџијан“ и “Естонијан Ер“ кои го имаат редот број 13 во авионите.

– Пред помалку од 100 години бројот 13 немаше негативно значење. Тоа не е толку далечно време на северот – вели Уло Валк, професор по компаративен фолклор на Универзитетот во Тарту во Естонија.

– Постојат 12 часа, 12 месеци во Христијанството и 12 апостоли и тој е божествен број. Додадете уште еден и носи одреден елемент на хаос – додава тој.

Патниците на летот 666 до HEL би требало да имаат мирен лет преку Балтикот во ова време од годината.

– Веројатно ќе имаме мирно небо. Ако има некои патници кои се нервозни околу бројот 666 екипажот во нашата кабина е секогаш среќен да помогне – вели Кеидасто.

Во моментов можете да го следите летот АЈ666 на следниот линк.

 

(Телеграф.мк/Извор:Гардијан)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1