На пиперки увезени од Грција пишува ,,кората не е за јадење содржи канцерогени пестициди,,?? Фото


На оваа фотографија снимена во “Меркатор“, јасно се гледа ознаката “не е за јадење“, поради тоа што содржи канцерогени пестициди.

Сепак малкумина од луѓето го читаат напишаното, само си полнат во ќесето и си пазаруваат од овие пиперки. Дека многумина од луѓето воопшто не обрнуваат внимание на отровите кои се содржани во храната што се внесува во огранизмот, покажува и оваа фотографија која се појави на социјалните мрежи.

Медиумите во Сараево ја објвија оваа фотографија која прикажува колку граѓаните не се свесни дека големи трговски центри лоцирани во Босна и Херцеговина, увезуваат храна со сомнително потекло, третирана со опасни пестициди кои имаат негативно влијание врз човековото здравје.
Поточно, декларацијата закачена на кутијата со црвени пиперки во маркетот Меркатор .
(словенечки синџир на маркети), кој се наоѓа во Сараево , јасно е наведено дека кората од зеленчукот не е погодна за јадење бидејки е третирана со  пестициди OPP-imazalil, штетни за здравјето.

Imazalil е моќен фунгицид кој обилно се користи за одгледување на зеленчук и овошје, особено за производи кои можат да се најдат и на нашите пазари. Оваа отровна материја е моќен невротоксин и е канцерогена. Може да влијае на репродуктивното здравје, на развојот на ембрионот, а собено опасен, или смртоноснен е за водни организми.
Исто така, оваа ознака може да е наведена на декларациите на многу видови на овошје и зеленчук, особено на цитрусот и портокалот, заради што препорачливо е да не се конзумираат корите од овие производи.
Поради претходнонаведеното, останува отворено прашањето какви производи можат да се најдат на пазарите и маркетите низ Македонија, особено ако во предивд го земеме и фактот дека кај нас и не е така често да се сретне декларација на производите.
Единствено што ни преостанува е да посветуваме поголемо внимание на производите кои ги купуваме, и да се надеваме дека она што е понудено на пазарот е произведено на здрав начин.

Tags: , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1