На полноќ погледнете во небо и замислете три желби – голем празник посветен на св. Јован Крстител


Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 мај.

Денеска е Трето наоѓање на главата на св. Јован Крстител.

Кога се разгоре ереста на иконоборството, во осмиот век, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Комана. Подоцна, во времето на царот Михаил, во следниот век, таа беше свечено пренесена во Цари¬град и положена во царската придворска црква од страна на тогашниот патријарх Игнатиј.

Православните верници денеска го одбележуваат денот кога главата на Св. Јован Крстител е пронајдена, а потоа повторно закопана во земја. Овој празник верниците го нарекуваат Трето наоѓање на глават ана Св. Јован Кристител.

Денот на свети Јован Крстител се прославува повеќе пати во текот на годината. Познат е како голем проповедник кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој со маченичка смрт настрадал поради верата.

Третото наоѓање на главата на Свети Јован Крстител се одбележува на 25 мај според црковниот, а на 7. јуни по грегоријанскиот календар.

Меѓу народот е раширено верувањето дека овој ден “сонцето ќе се движи наназад од север кон југ, три пати застанува и заигрува“.

Се верува дека небото на полноќ три пати се отвара, па мртвите души лесно влегуваат во рајот, а оној кој буден ќе биде на полноќ, и замисли три желби, тие ќе му се исполнат.

Исто така се верува дека ако врз некоја девојка е фрлена клетва да не се мажи, таа треба овој ден да се помоли во црква или манастир Св. Јован , да запали свеќа и да остави скримен прилог во храмот. Клетвата ќе биде отстранета.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1