На повидок нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан!


Полицијата во Индискиот дел од Кашмир го предупреди населението да изградат подземни бункери и да се подготви за војна со атомско оружје меѓу овие две земји и покрај тоа што индијската и пакистанската армија се согласија да го прекинат прекуграничното пукање, кое го загрозувала мировниот процес. 

radiationmap-260x162Полицијата ваквото предупредување го најави по серијата смртоносни погранични прекршувања.
„Доколку ударниот бран не дојде за пет секунди од блесокот, вие сте доволно далеку од нултата точка“, вели во известувањето кое носи наслов „Заштита од нуклеарно и биолошко и хемиско оружје“.
Во предупредувањето се укажува на почетната дезориентација, од нуклеарен напад и велат дека ударот може да убие многу истакнати и познати личности.
Инструкциите биле издадени во понеделникот во еден локален весник на англиски јазик. Во текстот е направено сликовито сценарио на нуклеарната војна, со цел луѓето да ги подготват да реагираат на првиот ударен бран. Во истото се предупредува луѓето да почекаат ветровите да престанат и отпадот да прекине да паѓа, пред да излезат.
Населението се охрабрува да изгради подземни засолништа, во кои што целото семејство ќе може да остане за две недели, и да се наполнат истите со намрници.

nuklearna-bombaИндија и Пакистан кои поседуваат нуклеарно оружје, воделе три војни од независноста во 1947 година, од кои две биле поради нерешеното прашање на Кашмир.
Полицијата потврди дека го издала известувањето, но подвлекла дека истото не треба да се поврзе со ништо друго.
Индијската влада ги обвинила пакистанските војници на 8 јануари кои влегле во индиската територија и убиле двајца од нивните, а потоа на едниот му ја пресекле и главата.
Пакистан негираше дека нејзините војници биле вмешани во инцидентот и ги обвиниле индиските војници за убиство на тојца нејзини членови.
Индискиот премиер Манхоман Синг предупреди во средината на ноември дека работите не можат да се вратат на старо, по пукањата преку границата со соседен Пакистан.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1