Шеикот видел какви кршови возат во Србија – им подарил 3 блиндирани џипа


Шеикот од Абу Даби Мохамед бих Зајед ал Нахјан и подарил на Србија три блиндирани џипа „мерцедес 500 GL“, вредни речиси три милиони евра. Причината за ваквиот потег е тоа што шеикот во посетата на Србија видел дека државните органи немаат којзнае каков возен ред.


Mercedes-Benz-GL-500_233Џиповите пред неколку дена беа доопремени од Соединетите Арапски Емирати, беа транспортиран со авион „херкулес“ и во моментов се наоѓаат во една од касарните на војската во Србија.
Џиповите многу брзо ќе можат да се користат за превоз на највисоките државни функционери и за дочек на странски делегации.
„Кога беше организиран дочек за шеикот, за негов превоз и превоз на неговата делегација, ги дадовме најдобрите автомобили со кои располага нашиот државен врв, меѓу нив и автомобилите кои ги користи и претседателот Томислав Николиќ и првиот потпретседател Александар Вучиќ.

Поради тоа што се работи за автомобили стари од 10 до 15 години, шеикот сваил каква е ситуацијата и штом се вратил во Абу Даби најавил дека три блиндирани мерцедеси со најдобра опрема ќе ги подари на Вучиќ“, пишува во соопштението на Министерството за одбрана.

255x160_30395-seik-betaПрвиот потпретседател на Владата се заблагодарил, но побарал тоа да биде подарок за Србија, што шеикот и ја прифатил и ги испратил автомобилите со специјален лет.
Џиповите ги презело Министерството за одбрана и ќе бидат користени во прликите за дочек на странски делегации затоа што се репрезентативни и имаат највисок степен на заштита.
Џипот е тежок четири тони, мотор 6100 кубика, а максималната брзина е 300 километри на час.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1