Избор на адекватен ПВЦ прозорец не е едноставна работа, без разлика дали се работи за избор на нова дограма која што ќе ја поставите на нов објект, или пак за дограма со која што ќе ја смените постоечките прозорци. Секако дека најбитната карактеристика на прозорците е нивната топлинска спроводливост, поточно коефициентот на топлинската спроводливост. Оваа карактеристика е битна поради фактот, што повеќе од 50% од топлинските загуби во нашите домови, се поради лошата дограма.
Но покрај битноста на коефициентот на топлинската спроводливост на прозорците, тука се јавува уште неколку битни фактори, кој што имаат влијание на квалитетот на прозорците – како се овие прозорци произведени и кој ќе го направи вградувањето на истите.
Прво што треба да знаеме во врска со ПВЦ дограма е кој се нивни основни делови:
- Рамката на прозорецот
- Оковот
- Стаклото
Сите ПВЦ рамки се произведуваат од иста пластична маса – поливинил хлорид, но различни произведувачи, додаваат различни адитиви за да се подобри квалитетот на пластичната маса (отпорноста УВ зрачење, механичка отпорност, еластичност….). Една од битните карактеристики на ПВЦ прозорци е бројот на комори, кој што имаат влијание на изолациски карактеристики на прозорецот. На самиот почеток се поставуваа прозорци кој што имаа 2 до три комори. Денес се помалку се поставуваат прозорци кој што имаат три комори. Моменталниот стандард се прозорци со пет и повеќе комори. На долната слика можете да го видите пресекот на еден ваков прозорец. Она што можете да забележите е дека во средната комора (3) е поставено челично зајакнување.
Покрај бројот на комори, битна е и дебелината на надворешната страна на прозорецот. Овие дебелини се поделени во три класи:
- А класа (видливиот ѕид мин. 2,8 mm, невидливиот ѕид 2,5 mm)
- Б класа (видливиот ѕид мин. 2,5 mm, невидливиот ѕид 2,0 mm)
- Ц класа (видливиот ѕид мин. 1,5 mm или помалку)
Разликата помеѓу А и Б класа не е видлива, како ценовно така и по квалитет, но сепак се препорачува А класа, додека Ц класа треба да се избегнува.
Тип на стакло и звучна изолација
За карактеристиките на изо стаклото и low-e стакло, пишувавме порано. Тука само ќе истакнеме дека поради подобрите топлински карактеристики, размислете за добри двоструки и за троструки изо стакла (внимавајте на ширината на просторот помеѓу стаклата). Просторот помеѓу стаклата може да биде исполнет со посебни гасови (аргон и слични) и тоа е позитивна работа, но од друга страна позитивниот ефект на овие гасови може да биде минимален или краткотраен, доколку се работи за неквалитетна дограма.
Звучната изолација на прозорците може да се подобри доколку се постави ламинирано стакло, кое што се состои од повеќе слоеви на рамно стакло, помеѓу кој што се поставува PVB (поливинил бутирал) фолија или проѕирна смола. Предноста на ваков вид на стакло, покрај подобрената звучна изолација, е да доколку се случи кршење на истото, парчињата на стаклото остануваат прилепени на фолијата.
Ова е само пола работа – другата половина е избор на квалитетен изведувач, поточно компанија која што ќе ги постави ПВЦ прозорците. Гледајте да тоа го направи искусна компанија.