На спиење нападнато и ограбено семејство


Ноќеска во куќата на Р.И. (69) од Тетово кој живее на улицата Мирче Ацев влегле неколкумина разбојници, со црни фантомки на главата и со ракавици на рацете.

По неколкуминутно малтретирање, тие од газдата и неговата сопруга украле златен накит, поголема количина женски и машки часовници, 10.000 евра, мобилни телефони и возило „ренџ ровер“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1