На Србинот ќе му се суди за убиство на свиреп начин


Охриѓанецот Димитар Матилоски (26) вчера е погребан во Охрид. Тој е убиен од српски турист за време на новогодишната ноќ во градот.

Основното јавно обвинителство од Охрид отвори постапка против три лица.dimitar-novajpgytjnh56ju56u56u5-30859-520x626

– За трите лица, државјани на Србија, од страна на надлежен обвинител е побарано одредување мерка притвор. Судија на претходна постапка за трите лица определи притвор во времетраење од 30 дена. Еден од осомничените се гони за кривично дело убиство од член 123 став 2 убиство извршено на свиреп начин. Останатите двајца се товарат за кривично дело помагање – велат од Обвинителството

Српскиот турист го нападнал Матилоски удирајќи го на плочникот од улицата пред влезот на кафе-барот. На овој напад му претходела жестока вербална расправија помеѓу две групи во кои од една страна бил Димитар и уште други двајца свои пријатели, а од другата страна бил српскиот државјанин од Kралево со уште двајца други свои пријатели. Оваа вербална расправија со меѓусебна турканица се случила внатре во кафе-барот „Табана“. Тука понатамошниот тек на нарушувањето бил спречен од вработените во кафе-барот. Напуштајќи го кафе-барот Димитар бил повторно нападнат од српскиот државјанин кој пред угостителскиот објект му задал повеќе силни удари со раце и нозе. Од местото на настанот, Димитар М., кој имал сериозни телесни повреди, со возило на брзата помош е пренесен во Општата болница во Охрид, каде што по половина час им подлегнал на повредите.

По добиени сознанија и усна наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес во седум соби во објектот „Табана“ заради пронаоѓање на сторителите на кривичното дело.

Во една од собите, пронајден е српскиот државјанин за кој постојат основи на сомнение дека е сторител на физичкиот напад. Во истата соба, пронајдени и обезбедени се траги од крв и на дел од облеката на осомничениот. Во другите простории пронајдени се вкупно пет други српски државјани кои биле заедно со осомничениот и биле соучесници во нарушувањето на јавниот ред и мир во објектот. Сите лица се приведени во СВР Охрид, а три од нив по дополнителни оперативни мерки се лишени од слобода.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1