На суд докажа дека зборува со духови (Видео)


Британката Сали Морган на суд докажуваше дека контактира со духови и бараше оштета од оние кои ја нарекле измамничка. Она што е интересно е што таа го доби спорот – докажа дека не користи слушалки и други помагала и дека директно контактира со духовите. Таа има свое телевизиско шоу и новинарите наводно ја уловиле дека користи скриени слушалки па ја прогласија за измамничка. Таа ги тужеше.

article-2047370-0E50335100000578-303_634x384Доби обештетување од 193.000 долари. Некои медиуми ја обвиниле дека користи слушалки и помагала за да ги мами жртвите, а таа докажа дека не користела помагала. Судот не навлегуваше дали стварно контактирала со духови туку ја донесе пресудата само врз основа на доказите дека не користела слушалки. Сепак Сали пресудата ја искористи за да прикаже дека успеала да докаже на суд дека е вистински медиум и дека контактира со духови.

Таа од голем број на таблоиди беше прогласена за измамничка, но по добиената пресуда сега секој два пати би размислил дали би ја тужел оваа жена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1