Две тинејџерки осудени да платат 65000 евра – поради навредливи коментари на социјални мрежи


Окружниот суд во Гетеборг осудил две тинејџерки и им доделил парична казна од 65.000 евра која мора да ја исплатат на оштетените кои ги клеветеле на фото сајтот „Инстаграм“.

tinejdjerki kompjuterСпоред пресудата, двете малолетнички, чии години не се точно објавени, должни се да исплатат вкупно 65.000 евра отштета, односно еднаков дел на секој од 38-те оштетени. Како што е соопштено во пресудата, „дел од таа сума треба да платат родителите“ на осудените девојчиња.

Помеѓу 16 и 19 декеври минатата година двете девојки на споменатиот сајт објавиле низа фотографии од гетеборшките ученици, проследени со навредливи коментари од сексуална природа.

После истрагата, која потрајала неколку месеци, утврдено е дека авторките на навредливите коментари се двете средношколки кои, според податоците на новинската агенција ТТ, имаат 15 и 16 години.

Само една од осудените девојки ја признала вината.

Tocka,mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1