Последниот обвинет во судскиот процес за случајот „Монструм“, Сами Љута, за да докаже дека не е виновен за ликвидацијата кај Смилковското Езеро, на вчерашното судско рочиште го покажа цедето од својата свадба.
Обвинетиот тврдеше дека не се точни изјавите на некои сведоци во врска со неговиот изглед, бидејќи на видеото се гледало оти тој како младоженец имал кратка коса, а свадбата била еден месец пред настанот кај езерото.
Адвокатите очекуваат дека Јавното обвинителство ќе најде начин да го повлече актот за обвинетиот Сами Љута.
Судскиот процес е пред крај и се очекува одлуката од Приштина за евентуална екстрадиција на првите двајца обвинети во „Монструм“ со што судењето би почнало одново.
Dnevnik