На светот му се заканува катастрофа: Вулкан во близина на атомска централа само што не експлодирал! (ВИДЕО)


Нуклеарната електрана Сендај се наоѓа на само 60 километри од вулканот Монт Лојам, што е сериозен проблем, соопшти Нуклеарната регулаторна агенција.

Нивото на опасност е зголемено од најниско на следниот степен на ризик, па подрачјето околу кратерот се смета за опасно.

jelouston-super-vulkan

Научна студија што целосно ќе биде објавена идниот месец прогнозира дека во случај на силна вулканска ерупција каква што јапонскиот архипелаг ја доживеал во далечното минато, би можело да има околу 120 милиони жртви, што е речиси целото население на Јапонија

Истражување на јапонските вулканолози Јошијуки Тацуми и Кеико Сизуки од универзитетот во Кобе, покажало дека можноста за вакво катаклизмично сценарио изнесува 1 отсто во наредниот век. По разурнувачкиот земјотрес од март 2011 година со магнитуда од 9 степени според Рихтер и гигантското цунами со бранови повисоки од десет метри, во Јапонија се почесто се прават симулации на природни катастрофи заради процени колку земјата е подготвена да се справи со ваквите несреќи.

– Треба да бидеме свесни за фактот дека нема да биде ништо чудно доколку еден ден на нашите острови дојде до силна експлозија, се наведува во воведот на студијата

Експертите проценуваат дека во тој случај би можело да загинат и до 120 милиони луѓе, што е речиси целото јапонско население чија бројност во моментот изнесува 127 милиони луѓе.

– Во Јапонија се наоѓаат седум отсто од сите активни вулкани на светот и нашата земја често била погодувана од природни катастрофи од овој вид, како што беше и неодамнешната ерупција на вулканот Онтаке во којашто животите ги загубија повеќе од 50 луѓе. Погледите се насочени кон Фиџи, каде што постои опасност од ерупција, објаснуваат научниците.

Тие, својот труд го темелат на проучувањето на димензиите и зачестеноста на големите ерупции на територијата на Јапонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1