Трагедија го потресе Врање. 18-годишното момче Немања Кочиќ кој е ученик во средното медицинско училиште, вчера го загубил животот додека вежбал во теретана, најверојатно поради преголемо оптеретување, замор и преголема физичка активност.
На младото момче му се слошило додека било во теретана и се струполил.
Повикана била брза помош која се обидела и на лице место да го реанимира, но момчето не давало знаци на живот.
Со возило на Итната помош било пренесено итно во болница каде лекарите се обиделе да го реанимираат поввторно, но и покрај сите напори, за жал, момчето починало.
Родителите на детето не се согласиле да биде извршена обдукција