Сакале да го тепаат Стевчо Јакимовски поради отстранување на тенди на кафичи


Според објавеното во дневниот билтен, вчера околу 10:15 часот, во зградата на општина Карпош, И.Т.(28) и С.Ѓ.(31), двајцата од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување, а изврешно е и оштетување на општината.

stevce karpos1И.Т. и С.Ѓ. најпрвин го нарушиле јавниот ред и мир со карање викање, дрско и непристојно однесување, а потоа С.Ѓ. влегол во општината и со спреј прскал по ѕидовите. Откако вработените од обезбедувањето бил спречен во понатамошното оштетување, С.Ѓ. со рака скршил стакло од врата, по што се здобил со расекотина. Истиот е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

Причина за нарушувањето е тоа што биле сопственици на угостителски објекти, лоцирани на подрачјето на Карпош, а од градоначалникот добиле известување за остранување на незаконски поставени тенди. Случајот е расчистени и на лицата им се дадени платни налози за сторен прекршок од ЗППЈРМ, соопшти МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1