Хуманитарна акција утре во „Ван Гог“ за Дени


Сите што сакаат да му помогнат на Дејан Огненовски, снимател во „Алфа“, чиј дом неодамна беше зафатен од пожар, може да се вклучат во акцијата која ја организираат колегите новинари, сниматели, фоторепортери и други вработени во медиумите заедно со ССНМ.

pomos help hand rakaВ петок, во 17 часот, во кафулето „Ван Гог“ (спроти општина Центар) сите заинтересирани се поканети да дојдат и да учествуваат во акцијата за собирање пари за солидарниот фонд за помош на Дени. Покрај донациите, во фондот за помош на колегата влегуваат и 40 проценти од цената на испиените пијалаци.

Дојдете да помогнеме и да покажеме дека никој нема да биде оставен сам во тешки моменти. Оние што не можат да дојдат, а сакаат да донираат, можат да уплатат на сметка: 330100218300135 Капитал банка со назнака „За Дени“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1