На трагот на едно од најбараните скриени богатства во историјата (Видео)


Меѓународен тим научници тврди дека во густата и опасна џунгла на Амазон пронашле урнатини кои би можеле да разрешат неколку мистерии за Јужна Америка и да го откријат најбараното богатство во светот.

inkiНа наоѓалиштето во непристапна област во централен Еквадор, за кое научниците претпоставуваат дека е едно од најголемите археолошки откритија во светот, веќе е ископана конструкција со димензија 80Х80 метри, составена од стотина блокови тешки по два тона, а се претпоставува дека во опкружувањето од околу 250 хектари има уште слични конструкции.
Истражувањето на наоѓалиштето на Андите е во рана фаза, па затоа и се разликуваат и теориите за потеклото на археолошките остатоци.
Некои од експертите кои работат на ископувањата веруваат дека станува збор за мавзолејот Атавалпа, последниот цар на Инките кој го заробиле шпанските освојувачи, или дека во него се крие богатството – голема количина злато и други скапоцености кое го собрале неговите следбеници за да го платат откупот за неговото ослободување.

Ecuador-last-Inca-emperor_03

Атавалпа наводно им ветил на освојувачите дека ако го ослободат, со злато ќе им наполни една цела просторија, но тие ја одбиле неговата понуда и го погубиле во 1533 година. Неговите поданици наводно потоа го ексхумирале, мумифицирале и подоцна го сокриле телото во областа во која е откриено археолошкото наоѓалиште. Според легендата, за откупот било собрано големо богатство, кое било закопано заедно со него или посебно.Многумина се обидувале досега да го пронајдат гробот на царот Атавалпа и богатството, но потрагата досега не донела резултати.
Други археолози пак, ја застапуваат тезата дека новооткриеното археолошко наоѓалиште потекнува од многу порано (500 години пред новата ера) и дека сведочи за непознати култури кои на тие простори живееле пред Инките.Според локалната легенда, областа некогаш била населена од исклучително високи луѓе, а поради натпросечно големите димензии на некои од нив, вкупно 30 – ина откриени артефакти, некои археолози ова подрачје го нарекуваат Изгубениот град на џиновите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1