СКАНДАЛ: Двоен шпион украл строго чуван документ со 3500 имиња на агенти од Германија


Шпионот, Маркус Р (32) украл еден строго чуван документ со имињата на 3.500 агенти на германската разузнавачка служба BND, пишува Билд.agenti

Сè уште не се знае дали Маркус Р. ја продал таа листа на некоја странска служба, со што буквално би ги загрозил животите на своите колеги. Се знае дека ја инсталирал листата на својот приватен компјутер дома.

Случајот бил откриен минатиот јули и не е јасно дали агентот ја продал таа листа на некоја странска служба.
-Не ја продал на Американците во секој случај, пишува таблоидот, наведувајќи дека од BND не сакале да се изјаснат по таа тема.
Маркус Р. бил уапсен во јули 2014. година. Тој бил обвинет дека помеѓу 2012 и 2014 година, ја шпионирал BND и на американците им продал 218 документи за околу 25.000 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1