Тригодишно девојче од Калифорнија почина по обична забарска интервенција. Девојчето во понеделникот е однесено на лекар, кога и се извадени 2 заби, а два пломбирани, по што починало.
Родителите останале без одговор од клиниката во која и била направена интервенција врз девојчето, зошто и тие самите не знаеле што тргнало на лошо.
-Мојата ќерка беше здраво дете. Ја однесов на лекар да ги среди забите, а половина час потоа почина, рече очајната мајка Арасели Авила.
Foto: Twitter/Kay Recede FOX40
По повод овој случај ќе биде покрената истрага, а поради специфичните околности по кои дојде до смрт на девојчето, детали од истрагата нема да бидат достапни за јавноста.