Утрово околу 04,20 часот во Полициската станица во Виница од тамошниот Медицински центар било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен М.А. (24) од Виница со повреда (убодна рана) од остар предмет во пределот на стомакот.
Со возило на итна медицинска помош повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар -Кочани, од каде по укажаната лекарска помош е префрлен во Клиничкиот Центар -Штип, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје.