Пријателите се простуваат од Маринко: Замина, а остануваш засекогаш


Пријателите на српскиот актер и водител Маринко Мажгаљ, кој денес почина на 37-годишна возраст по борбата со тешката болест, на социјалните мрежи се простуваат од познатиот актер.

Пејачот Владо Георгиев на Твитер напишал дека заминувањето на Маринко е прерано и дека е премногу тажен.marinko(2)

– Почивај во мир драг Маринко Мажгаљ. Премногу тажно. Прерано не напушти. Почивај во мир и нека ти е лесна земјата.

Пејачката и музичарката, Ивана Петерс, од бендот „Негатив“ се прости од Маринко со зборовите:

– Толку се надевав. Останав без зборови. Мое сочувство до семејството. Почина Маринко Мажгаљ.

Пејачот Жељко Јоксимовиќ на својот профил на Твитер напиша:

– Премногу тажна вест. Почивај во мир Маринко.

Во првите проштални пораки на социјалните мрежи, музичарот Ѓорѓе Давид напиша:

– Маринко Мажгаљ… 37 години… Маринко Мажгаљ.. Страшно.

Српскиот писател Жарко Јокановиќ се простил од Мажгаљ на Фејсбук со пораката:

– Замина… А , останува… Засекогаш… Збогум за големиот актер и сјајниот човек. Збогум наш драг пријателу – напишал Јокановиќ.

Дел од прошталните пораки на познатите српски личности може да ги проследите на следниот линк.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1