На владата е пукано со истото оружје и во нападот во 2007


Оружјето со кое било пукано во вторникот врз зградата на Владата најверојатно било од ист тип како оружјето користено во нападот во 2007 година, велат експерти за „Дневник“. Станува збор за хрватскиот рачен фрлач на гранати РБГ-6, модернизирана верзија на јужноафриканскиот фрлач користен во војните во поранешна Југославија.

Од МВР официјално немаат детали за истрагата, освен дека е завршен дел од балистичкото вештачење на проектилот, како и на преостанатиот материјал земен за вештачење. Резултатите му се предадени на Јавното обвинителство, но во интерес на истрагата не се наведува дали е утврден калибарот на оружјето и неговиот тип. Од полицијата велат дека истрагата се одвива во повеќе насоки и оти е разговарано со повеќе лица.racen raketen frlac

Според познавачите, од она што може да се види од фотографиите, станува збор за фрлач со калибар од 40 милиметри. На црниот пазар во земјава најдостапни се два вида рачни ракетни фрлача, хрватскиот РБГ-6 и познатата М80 „зоља“ од југословенско производство, а која се произведува и во земјава. Иако е достапно, таквото оружје најчесто можат да го набават криминални групи, а не поединци.

Во зависност од оружјето што е користено, се шпекулира и за бројот на лицата што учествувале во нападот. Се претпоставува дека напаѓачите биле со автомобил и од близина на тврдината Kале испукале две гранати. Поверојатно е напаѓачот да користел РБГ-6, кој во магацинот што работи на принцип на револвер има шест гранати, па испукал две гранати. Две гранати беа испукани и во 2007 година, но не ја погодија целта, најверојатно бидејќи биле испукани од поголема далечина. Тогаш беше утврдено дека станува збор за далечина од 400 метри. „Зољата“ е за еднократна употреба, па малку е веројатно дека имало двајца напаѓачи со оружје или истото лице користело две „зољи“. И двата фрлчача имаат ефективен домет поголем од 300 метри.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1