На Земјата имало вода уште пред Сонцето – животот дошол од друго место


Водата која се наоѓа во океаните на планетата Земја е постара од Сонцето, поради што научниците сметаат дека постојат големи шанси да има живот и на други места некаде во вселената.

Нова студија на тим предводен од космохемичарот Конел Александар од Карнеги-институтот во Вашингтон покажала дека голем дел од водата во нашиот Сончев систем најверојатно потекнува од мраз што се формирал во меѓуѕвездениот простор. Водата ја има низ целиот наш Сончев систем, пишува Карнеги саjенс. Не само на Земјата, туку и на ледените комети и месечини, и во сенчестите басени на Меркур. Вода е најдена и во составот на минералните примероци од метеоритите, од Месечината и од Марс.zemja

„Зошто е важно ова? Ако водата во раниот Сончев систем првично била наследена како мраз од меѓуѕвездениот простор, тогаш е веројатно дека некој сличен мраз, заедно со пребиотската органска материја што тие ја содржат, го има во изобилство во повеќето или во сите протопланетарни дискови околу ѕвездите што се во формирање“, објаснува Александер. „Но ако водата во раниот Сончев систем во голема мера била резултат на локалните хемиски процеси при раѓањето на Сонцето, тогаш е можно дека изобилството вода значително варира во планетарните системи што се во формирање, што очигледно ќе влијае врз можноста за појава на живот на некое друго место.“

„Нашите откритија покажуваат дека значителен дел од водата на нашиот Сончев систем, најклучната состојка за создавање живот, е постар од Сонцето, што укажува дека обилниот, органски богат меѓуѕвезден мраз веројатно може да се најде во сите млади планетарни системи“, вели Александер.Ова значи дека големо количество „тешка вода“ мора да дошло не од процесите на самото Сонце, туку било донесено од облак на гас од некаде далеку.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1