Седум пратеници и над 400 приврзаници на грчката крајнодесничарска партија Златна зора протестираа пред телевизијата Мега во Атина против прикажувањето турски серии.
Демонстрантите фрлаа со јајца и јогурти врз зградата во која се наоѓа медиумот и запалиле турско знаме за време на протестот што се одржал вчера, Денот на независноста на Грција, објави денеска турскиот весник Хуриет.
Телевизијата Мега емитува две турски серии: Пепел од рози и Величествениот султан