На Златна зора и пречи Сулејман и турските тв-серии во Грција – излегоа на протест


Sulejman VeličanstveniСедум пратеници и над 400 приврзаници на грчката крајнодесничарска партија Златна зора протестираа пред телевизијата Мега во Атина против прикажувањето турски серии.

Демонстрантите фрлаа со јајца и јогурти врз зградата во која се наоѓа медиумот и запалиле турско знаме за време на протестот што се одржал вчера, Денот на независноста на Грција, објави денеска турскиот весник Хуриет.

Телевизијата Мега емитува две турски серии: Пепел од рози и Величествениот султан

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1