Началникот на полициските „Јастреби“ меѓу четворицата загинати во хеликоптерската несреќа


Началникот на Одделот за воздухопловна единица на МВР, е меѓу четворицата загинати во хеликоптерската несреќа која доцна синоќа се случи во индустриската зона на Струмица, кога полициски хеликоптер на МВР модел МИ17 се сруши по што дојде до експлозија, пишува Плус Инфо.

helikopter nesrekjaТимот на воздухопловната единица, позната како полициски „Јастреби“  неофицијално вршел транспорт на припадници на граничната полиција, а како дошло до несреќата засега нема официјални информации.

Од Министерството за внатрешни работи, прес-конференција за страотната хеликоптерска несреќа најавија за 11 часот. Утрово завршил увидот на лице место, а телата на загинатите по наредба на јавен обвинител се предадени на обдукција.  Имињата на загинатите ќе се објават откако ќе им се соопшти на семејствата, – се очекува деталите за несреќата како и имињата на загинатите да се соопштат на пресконференцијата во МВР

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1