Се очекува по светиот крст да скокаат над 1.000 млади од земјава, но и од странство, а организаторите на манифестацијата очекуваат за претстојниот празник Охрид да го посетат голем број туристи, кои ќе имаат можност да го следат и обидот на охриѓани за уривање на Гинисовиот рекорд во подготвување рибина чорба, објави Телма.
Водици во Охрид се одбележува свечено во присуство на илјадници верници. Во чест на празникот наскоро кај градското пристаниште ќе биде подигнато и спомен обележје, кое го донира минатогодишниот кум Ванчо Чифлиганец.