Над четири илјади патници од бриселскиот аеродром се распоредени во времени центри, односно приспособени спортски сали во соседни општини, пренесува ТАСС.
Две експлозии утрово одекнаа во салите од каде заминуваа патниците на аеродромот „Завентем“ во Брисел, еден час откако трета експлозија ја погоди метро станицата Малбек.