Хорор во Србија: Пукал во сопругата додека ја држела ќерката во раце


Српската полиција интензивно трага по Бане Јовановиќ (49), познат како Сафет од Мола, кој е осомничен дека во неделата навечер со пиштол го убил Матеја Петровиќ (28), а ги ранил својата сопруга Рената (31), нивниот син Петар (11) и снаат Наташа Сунмар (23).ubiec-zena-srbija-640x438

Најблиските соседи тврдат дека ништо не слушнале, тие дознале кога во доцните часови пред куќата на Сафет виделе полциски возила и Итна помош, а зборуваат за Матија, тврдејќи дека само се поздравувале, но не и разговарале, па не знаеле со што се занимава.

Мајката на Матеја рекла дека таа вечер била кај синот и дека им однела скара за вечера.

– Долго не се задржав бидејќи се брзав за да го чувам болниот внук, за брзо време телефонот ми заѕвоне и слушнав плач и барање помош. Ја препознав снаат Рената која бараше помош: Сите насе ќе не убие Сафет. Баба брзо ѕвони во полиција и викни Итна помош, се сеќава низ солзи мајката на Матеја.

– На улица ја затекнав Наташа, жената на младиот син која плачеше додека на стомакот имала рана од која и течеа локви крв, раскажува Жаклина.

Таа раскажува како го пронашла својот син на подот.

– Матеја лежеше на подот, не дишеш, а од устата му течеше крв. На столчето седеше и внукот Петар, кој имаше рана на двете нозе. На снаата Рената од рамената и течеше крв, а во прегратката силно ја држеше четиримесечната ќерка, рекла низ плач Жаклина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1