Познат кошаркар лежи во локви крв во Брисел (ФОТО)


По терористичките напади во Брисел кои се случија рано утринава на националниот аеродром и две метро-станици, на друштвените мрежи осамна фотографија на повреден маж кој лежи и чека медицинска помош.kosarkar-povreden-brisel-napadi

Всушност се работи за поранешниот белгиски кошаркарски репрезентативец Себастиен Белин. Тој откако се повлече од активното играње кошарка работи како член на управата на Атнверп Гајантс.

Целата екипа била на аеродромот во Завентем со цел да отпатуваат за Италија каде утре по распоред е мечот против Варесе во рамките од ФИБА-еврокупот.bellin2203-640x360

Официјални соопштенија за неговата здравствена состојба се уште нема. Според фотографијата се гледа дека на Белин му се повредени двете нозе, но е надвор од животна опасност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1