Во Венецуела овој феномен е познат како “вечна бура”.
На местото каде што се пресретнуваат реката Кататумбо и езерото Маракаибо во Венецуела, секоја година се забележуваат околу 260 бури. Секоја минута езерото е погодено од просечно 28 молњи.
Над езерото се ослободува толку многу енергија што би можела да се напојува целата расвета во Латинска Америка.
Метеоролозите сè уште се обидуваат да ја дознаат вистинската причина за “вечната бура“.